Обложувалници: Клинтон има поголеми шанси за влез во Белата куќа
Шансите за влез во Белата куќа на кандидатот на Демократската партија за претседател на САД Хилари Клинтон се зголемија на интернет обложувалниците, откако се соочи со републиканскиот кандидат Доналд Трамп, во првата претседателска дебата.
Влоговите за победа на Клинтон пораснаа за шест проценти, односно на 69 отсто, додека влоговите за Трамп паднаа за седум, на 31 проценти, покажуваат податоците на новозеландската фирма „Предикт Ит“, кои ги предвидуваат исхoдите на политичките и финансиските случувања.
Шансите на Клинтон, исто така се зголемија на ирскиот сајт за обложување „Педи Пауер“.
Уплатите за Трамп паднаа на пет отсто во февруари, но се качија на 44 отсто во мај, додека влоговите за Клинтон паднаа на 37 отсто во јануари па се качија на 79 отсто во август.
Првата претседателска дебата, е една од трите планирани, пред претседателските избори во САД на 8 ноември.
Ново на Сител
-
Се гласа за Српската влада
-
Тема на денот со Иван Пешевски, ССМ
-
Масовен протест за 1 Мај: Синдикатите побараа 450 евра минимална плата од новата влада
-
Работниците креваат глас
-
Првомајската традиција продолжува
-
Охрид полн со туристи за 1 Мај
-
Експерти: Екстрадицијата на Палевски треба да се прави во најголема тајност
-
Студен туш за барањата на Максим Димитриевски - за него пак, ароганцијата на СДСМ е ненадминлива