Облачно со слаб ветер и магла по котлините

Времето во Република Северна Македонија ќе биде умерено до значително облачно, по котлините магливо. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.
Утринската температура ќе се движи од три до 10, а дневната 12 до 19 степени.
Во Скопје умерено до значително облачно и магливо. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до седум, а дневната ќе се искачи до 16 степени.
Преку ноќта кон понеделник од запад ќе започнат врнежи кои наутро и претпладне ќе се прошират преку централните делови каде што ќе се со послаб интензитет. Потоа ќе се задржи умерено до значително облачно време, по котлините со појава на магла. До среда ќе има повремени врнежи од дожд, на места пообилни. Утринските температури и понатаму ќе бидат над нулата.
Ново на Сител
-

Пропустите кај млечните производи може да ја намалат продажбата
-

ЦЈЗ Скопје утре ќе каже поради што 20-тина деца од ООУ „Невена Георгиева - Дуња“ завршија во болница
-

Ниту еден македонски универзитет меѓу најдобрите 2.000 во светот
-

За првпат во Македонија ќе се полага три вида матура
-

Македонците одбиваат пари за да го променат политичкото убедување покажуваат европските истражувања
-

Преглед на вестите од светот
-

Муцунски: Не сум оптимист по последната средба
-

Инклузија на младите во политиката
