Облачно со повремени врнежи од дожд и грмежи
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено претпладне и со локална појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од седум до 18, а максималната од 17 до 27 степени.
Во Скопје променливо облачно, претпладне со повремен дожд, а попладне со сончеви периоди. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец.
Времeто утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец. Во текот ноќта ќе има услови за локален дожд. Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен југозападен ветер.
Како што информира УХМР, до сабота ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од југозападен правец. Минималната температура ќе се движи од 10 до 19, а максималната од 19 до 28 степени.
В недела ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветерод северозападен правец. Дневната температура ќе изнесуав 23 степени.
Ново на Сител
-
Идната недела пресуда за убиството на Вања и Панче
-
СДСМ избра дел од кандидатите за градоначалници
-
Тема на денот со Никола Димитров
-
Кратово доби мултинаменски спортски центар
-
Штипска Апелација одлучи предметот за „Пулс“ да го препрати на Врховен
-
Поранешните директори на Онкологија одат во притвор
-
Идната недела пресуда за убиството на Вања и Панче
-
Мерко осуден на казна од 10.000 евра за незаконско именување директори