Облачно со повремен локален дожд, температура до 23 степени

Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Минималната температура ќе се движи во интервал од 5 до 16 степени, додека максималната ќе достигне од 12 до 23 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 22 степени.
Според прогнозата на УХМР, во наредните денови следува период на променливо облачно и релативно топло време, со сончеви периоди во текот на денот.
Утре наместа ќе има слаб дожд, а во четврток ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и појава на ретки грмежи. До петок ќе дува засилен југоисточен ветер, кој долж Повардарието ќе достигнува брзина над 60 километри на час. За време на викендот ветерот ќе го промени правецот во северен, со умерен интензитет.
Ново на Сител
-

ВМРО ДПМНЕ со предлог закон - пратеник да има само македонско државјанство
-

Тема на денот Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ
-

80 години Драмски театар
-

Минчев: Модерна јавна администрација за побрза интеграција во ЕУ
-

Владата одлучи: Вештачките ѓубрива со маржа до 5%, органските до 10%
-

Укинувањето на Пржинската влада влезе во Собрание
-

Што ќе испорача собранието за ЕУ по политичката влада во Софија?
-

Фетаи не доаѓа во Влада - Алиу вели: Не е во државата
