Облачно со повремен дожд и ветер

Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и со слаб до умерен југоисточен ветер. Пообилни врнежи се очекуваат во текот на ноќта и тоа во јужните и западните делови, каде се предвидува локално да наврнат над 25 литри на метар квадратен. Врнежи од снег ќе има само на повисоките планини во северозападните делови. Утринската температура ќе се движи од три до 10, а дневната од пет до 13.
Во Скопје слично време, променливо облачно со повремени врнежи од дожд и со слаб до умерен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до осум, а дневната ќе се искачи до 10 степени.
Како што информира УХМР, следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, со променлив интензитет. В недела и понеделник врнежите ќе бидат полокализирани и ќе дува умерен јужен ветер. В недела ќе има услови за утринска магла по одделни котлини.
Пообилни врнежи повторно се очекуваат во вторник и среда, а од среда и опаѓање на температурата што ќе предизвика на планините и на некои повисоки места врнежите да поминуваат во снег.
Ново на Сител
-

Teма на денот со Петре Ламески, декан на ФИНКИ
-

Речиси 70.000 денари се потребни за да се „истурка“ септември, пресмета ССМ
-

Специјализант најави штрајк со глад: Обвинува за фаворизирање и неправда на Медицинскиот факултет
-

Измама со помош на вештачка интелегенција – пациент си искреирал конзилијарно мислење за лек
-

Црна Гора ги брише сомнежите за блокадa во интеграциите
-

Филипче: Колку чини посетата во САД?
-

Со 500 евра казнет граѓанин кој фрлал градежен шут и кабаст отпад
-

Дрвокрадството во прилепско се намалува, но Шумската има само 13 полицајци и 1 возило, а судовите изрекуваат мали казни
