Облачно и врнежливо време
Времето во Македонија ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, особено попладне. Врнежите позастапени ќе бидат во западните делови, каде на планините кон крајот на денот ќе преминат во снег. На места ќе биде нестабилно облачно со пороен дожд и ретки грмежи. Во крајните западни делови се очекува да наврнат и над 20 л/м2. Утре ќе дува засилен ветер од јужен правец, кој на моменти ќе достигнува брзина и над 80 км/час.
Утринската температура ќе се движи од нула до осум, а дневната од 10 до 16 степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со услови за повремен слаб дожд. Ќе дува умерен повремено силен јужен ветер. Утринската температура ќе се спушти до два, а дневната ќе се искачи до 12 степени.
Во наредните денови ќе преовладува променливо облачно време со повремен локален дожд и со умерен јужен ветер.
Ново на Сител
-
Благодатниот оган се спушти во храмот над Светиот гроб во Ерусалим
-
Серафимов: Цената на месото не е зголемена за Велигден
-
Вучиќ: Тајван е Кина и точка
-
Одбележување на годишнината од масовното убиство во Мало Орашје и Дубона
-
Во Пустец откриена спомен-биста на Гоце Делчев
-
Во црквата „Св. Спас“ одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Тешка сообраќајка во Прилеп: Се судриле камион и мопед, возачот на камионот избегал
-
Нова авиолинија Скопје-Рига-Скопје