Објавено и видеото: Српското семејство Новаковиќ премина во Ислам неколку дена по средбата со Хамза
Своето преминување во ислам во џематот на Мелајската џамија во саботата навечер, јавно пред присутните сведоци и имамот од таа џамија, го изјави четиричленото семејство Новаковиќ од Белград.
Брачната двојка Бојан и Наташа со своите синови Филип и Огњен шехадите ги изговорија пред имамот, Асмир ефендија Црновршанина.
-Често некој се интересира по телефон или интернет порталите за нашата вера ислам, рече по овој повод ефендијата.
Брачната двојка по прифаќањето на исламот ги зеде муслиманските имиња Исмаил и Едина, додека децата ги доби имињата Есад и Хамза. Само неколку дена откако се запознале со Хамза од Нови Пазар, целото семејство изрази желба да премине во ислам.
-Искрено и јас не зборев многу за исламот кога бев со него, само се трудев да се однесувам онака како што тоа Алах бара од мене. Мојот мотив беше да се шири разбирањето, убавиот збор и толеранцијата - рече Хамза кој и помогнал на фамилијата да преминае во Ислам.
По ова беше извршена шеријатска венчавка на оваа двојка.
Како изгледаше сето тоа, погледнете ја снимката:
Ново на Сител
-
СДСМ: Мицкоски да го праша Орбан зошто унгарскиот амбасадор гласал за одвојување на Македонија и Албанија
-
Сиљановска Давкова на прием кај Бајден
-
АХВ: По сомнежот на труење со храна во „Ѓорѓија Пулевски“ наредено затворање на кујната
-
Мицкоски: Унгарија е наш стратешки сојузник, продолжува економската соработка помеѓу двете држави
-
ДЗС и Народна Банка потпишаа договор за соработка и размена на податоци
-
Oрбан: Грешка е што преговорите на Северна Македонија со ЕУ се’ уште не се започнати
-
Ученици од ОУ „Ѓорѓија Пулевски“ со симптоми на труење
-
Со возило излетал од пат во Ѓорче Петров, загина 72-годишник