Објавена снимка од моментот кога рускиот авион удри во американскиот дрон
Европската команда на американската војска објави видео од средбата на американско надгледувачко беспилотно летало и руски борбен авион, што се одвиваше над Црното Море.
Снимката ги прикажува клучните моменти од средбата во воздух, за која Пентагон вели дека траела 30-40 минути.
На видеото се гледа како камерата на дронот MQ-9 Reaper е насочена назад кон опашката, а видлив е и пропелерот на дронот.
Потоа се гледа како се приближува руски борбен авион Сухој Су-27. Како што се приближува рускиот ловец, може да се види како почнува да испушта гориво додека го пресретнува американскиот дрон. Во вториот дел од снимката, рускиот млазен авион повторно поминува и повторно испушта гориво додека се приближува до дронот.
Видеото од дронот потоа прекинува бидејќи рускиот борбен авион се судри со дронот и го оштети неговиот пропелер, принудувајќи ги луѓето што го пилотираа да го соборат во Црното Море. Русија негираше дека дошло до судир, пренесува Јутарњи лист.
Кога камерата повторно почна да ја прикажува снимката, пропелерот може да се види оштетен од сударот.
Операторите успешно управувале со леталото со оштетениот пропелер како со едрилица и го собориле во меѓународни води, југозападно од Крим.
Ново на Сител
-

Протест пред Усје
-

Тема на денот со Марјан Ѓорчев, поранешен амбасадор во Софија
-

Статус кво се активностите за непотребни кардиохируршки интервенции
-

Преглед на вестите од светот
-

4 години затвор за поранешниот директор на Геријатрија
-

Судијата Ѓоко Ристов не бил под ПИ-мерки, парите почнале да паѓаат од ѕидот по мало кршење
-

Излизгани автобуси, затворени патни правци, отежнат сообраќај - снегот предизвика главоболки на службите
-

СДСМ нема да ги гласа измените на Законот за прекршоци за Сејф сити
