-->
-->
Објавен тендер за набавка на три електрични локомотиви за МЖ Транспорт
-->

Објавен е тендер за набавка на три електрични локомотиви за обнова на возниот парк на МЖ Транспорт ад Скопје, инвестиција од седум милиони евра, информира денеска министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски.
Тендерската постапка трае до 2 јуни годинава, а Мисајловски очекува годинава да биде склучен договорот, а до јуни следната година локомотивите да бидат испорачани во Македонија.
Според Мисајловски, политиките на Министерството за транспорт резултираат со развој на железницата.
- Претходно набавивме шет нови патнички возови, исто така вработените во Железницата во континуитет земаат редовна плата, обезбедивме работа и за велешка Колска, што значи дека со политиките што Министерството за транспорт и врски ги презема во делот на железницата постигнуваме добри резултати за развој на железничкиот сектор во Република Македонија, изјави Мисајловски, одговарајќи на новинарски прашања при увидот на активностите за обнова на патот Дојран -Николиќ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Владата почна постапка за доделување концесии за испитувања за металични минерали
-

Тема на денот со Младен Чадиковски, претседател на ЗНМ
-

Преглед на вестите од светот
-

Пропадна и денешниот обид за Изборниот законик
-

Марта Кос утре во Скопје на средба со премиерот Мицкоски
-

Поротниците од скопски Кривичен суд од денеска на мирен протест
-

Статистика измери инфлација од 3,4% во јуни, Пазарна констатира зголемени профитни маржи кај трговците
-

Жестока дебата во Собранието за пензиите
