Објавен тендер за канализација со Пречистителна станица во Едрениково

Распишан е тендерот за изградба на канализациска мрежа и пречистителна станица за отпадни води во населеното место Едрениково во општина Василево.
Оваа комунална инвестиција се спроведува во рамки на проектот „Управување со сливот на река Струмица“ кој Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) го имплементира во партнерство со Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, општините од сливот и други институции на локално, регионално и национално ниво.
Едрениково е село во општина Василево во кое живеат околу 300 жители.
Заинтересираните компании кои сакаат да учествуваат во тендерот, треба да ги поднесат апликациите најдоцна до 18 септември 2017.
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е лицемерен
-

2025-та поразителна за текстилната индустрија
-

Струмичани Новата година ќе ја дочекаат скромно, без големи трошоци
-

Преглед на вестите од светот
-

Деспотовски: Не правам нова партија, ама мојата СДСМ е узурпирана од поединци
-

Тема на денот со Јован Деспотовски
-

,,Македонски етимолошки речник“ од авторот проф. д-р Гоце Цветановски
-

Измени во Законот за финансиски друштва и еврообврзница од милијарда евра поделена на два дела, најавува министерката Кочоска
