Фудбал
11. July 2016 - 16:57

Објавен најдобриот тим на ЕУРО 2016

Новиот европски шампион Португалија, партиципира со четворица свои фудбалери во најдобриот тим на штотуку завршеното 15-то Европско првенство. 
 
„Идеалниот тим на првенството“ е составен само од играчи чии репрезентации стигнаа меѓу четирите најдобри, односно играа во полуфиналето. 
 
Покрај четворицата Португалци, Франција која беше финалист во најдобриот тим на првенството партиципираат со двајца како и полуфиналистот Велс, додека од редовите на светскиот шампион  Германија има тројца фудбалери.  
 
Португалскиот чувар на мрежата Руи Патрисио е најдобриот голман на Првенството, а во одбраната друштво му прават Германците, Џошуа Кимик и Жером Боатенг, како и сонародниците Пепе и Рафаел Гереиро. 
 
Велшаните Џо Ален и Арон Ремзи, заедно со Германецот, Тони Крос го формираат најдобриот среден ред.
Идеалниот напад на првенството според 13-членосто жири, на Еуро 2016 би бил сочинет од Французите, Антоан Гризман (најдобар стрелец на шампионатот) и Дмитри Паје од Франција, заедно со капитенот на новиот првак Португалија, Кристијано Роналдо.