Обилните снежни врнежи го блокираа сообраќајот во Јужноафриканската Република, една жена почина
Една жена почина во болница откако ја помина ноќта заробена во комбе на пат блокиран од невообичаено обилните снежни врнежи во источна Јужна Африка од петокот, соопштија денеска локалните власти.
Транспортниот сообраќај остана блокиран на растојание од околу 30 километри, особено на патот N3, една од главните артерии во земјата што го поврзува Јоханесбург со градот Дурбан на источниот брег, соопшти утринава компанијата која управува со патот.
Една 39-годишна жена почина од хипотермија вчера во болница, откако во петокот вечерта била заробена на патот со други патници во такси комбе, изјави Роланд Робертсон, шеф на локалната итна медицинска помош.
Патниците беа блокирани во близина на градот Мојплас, на околу 430 километри од Јоханесбург.
-Цела ноќ се оставени на студ, без ќебиња, без ништо. Тие не беа подготвени за тоа, рече Робертсон.
Спасувачките операции на патниците во неволја продолжија денеска во многу тешки услови, особено во областа на преминот Ван Ренен во планините Дракенсберг, на околу 330 километри југоисточно од Јоханесбург, соопшти компанијата што управува со патот Н3.
Ново на Сител
-
Во Грција уапсен македонски државјанин баран од германските власти за убиство
-
Неготинец пријавил измама од тетовец за работа во странство
-
Мицкоски: Оперативниот план за вработување опфаќа над 16 илјади граѓани, 65 проценти од нив млади до 29 години
-
АЕК бара нов термин за реваншот со Алкалоид
-
До недела променливо време со повремен дожд и ветер
-
Чаир, Топанско Поле, Автокоманда, Железара, Бутел и Визбегово во сабота без вода
-
Истрагата за пожарот во кочанската дискотека проширена и со сопственикот на објектот
-
Помалку дипломирани студенти во 2024 година