Обилни врнежи - нова промена на времето
Времето претпладне ќе биде променливо облачно со сончеви периоди кои повеќе ќе бидат застапени во источните делови на земјава. Во текот на денот ќе има зголемување на облачноста, а околу пладне и попладне ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, но пообилни ќе бидат во западните делови на земјава каде се очекува да наврнат околу 16 литри на метар квадратен воден талог. Ќе дува умерен, а во западните делови на земјава и силен југоисточен ветер, во вечерните и ноќните часови ќе го промени правецот во северен.
Утринската температура ќе се движи од два до осум степени, а дневната од 12 до 19 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен, а попладне од северозападен правец.
Утринската температура до пет степени, а дневната ќе достигне до 18 степени.
Во четврток врнежите ќе престанат, а температурата на воздухот ќе опадне за два до четири степени. Од петок попладне ветерот ќе го промени правецот во југоисточен и температурата на воздухот повторно ќе се покачува.
Ново на Сител
-
20-годишник без возачка и под дејство на алкохол ја усмрти 22-годишната Фросина Кулаков на пешачки премин
-
Тема на денот со Даниела Николова, пратеничка од СДСМ
-
22 годишна девојка загина на пешачки
-
Колку реално чини потрошувачката кошничка - жестока расправа на пратенички прашања
-
Преглед на вестите од светот
-
22 годишна девојка загина на пешачки
-
24 пешаци загинале само минатата 2024 година
-
Судовите оценети со тројка