Македонија
8. October 2015 - 9:05

Обиколницата денеска отворена за сообраќај

Обиколницата денеска ќе биде отворена за сообраќај. Од Продукциската куќа “CHIC FILMS” и МАНУФАКТУРА ПРОДУКЦИЈА известуваат дека поради лошите временски услови нема да вршат снимања.

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива по влажни  коловози.           

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони. 

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.