Македонија
2. November 2016 - 13:55

Обид за убиство се случил во Куманово - Насилникот во бегство

Обид за убиство се случил во Куманово. Според податоците од полицијата, 36-годишниот А.Д. околу 02 часот и 50 минути во ресторан во селото Ваксинце, по претходна вербална расправија со 31-годишниот Н.А. физички го нападнал по што истиот успеал да се оттргне, а откако излегле надвор, насилникот од огнено оружје испукал еден куршум во правец кон Н.А. кој не го погодил.
 
Насилникот е во бегство.