Македонија
5. December 2023 - 12:31

Обид за киднапирање на ученици во основно училиште во Карбинци | ВИДЕО

Дете од турска и македонска националнсот биле мета на киднапери во Карбинци. Оваа вест која ја вознемири јавноста ја пренесе штипската телевизија „Стар“. 

Дете од турска и македонска националност биле мета на киднаперите во Карбинци. Неуспешниот обид за киднапирање го потврдува и директорката на училиштето „Страшо Пинџур“, Наталија Костова која во кратка изјава за ТВ Стар објасни дека возило со скопски регистарски таблици се обиделе да ги киднапираат деца во училишниот двор, но кога не успеале избегале. 

Полицијата го испитува случајот, а луѓето во Карбинци „се на нозе“.