Обичаи за Водици: Еве што треба да направите денеска
Ден кога водите стануваат лековити
Именден празнуваат: Богдан, (значи даден од Бога) Богдана, Божана, Бојан, Бонка, Богомил (значи мил на Бога), Јордан, Данчо, Јорданка, Данка, Даница, Дарин, Јован, Јованка, Јонко, Јонка, Јоана...
Празникот Водици (Богојавление) народот го празнува како еден од најголемите христијански празници, зашто на тој ден Исус Христос е крстен од Свети Јован Крстител во реката Јордан. Со тоа на овој празник му се дава значење на крштевањето како една од повеќето свети тајни на христијанството. Крштевањето значи и духовно раѓање, односно почеток на човековото живеење во верата. Затоа кумот се смета за духовен родител на крстениот и најблизок роднина. Со овој празник завршуваат не само дванаесетте т.н. Некрстени денови туку и циклусот зимски празнувања во кој спаѓаат уште и свеченостите поврзани со Бадник, Божик, Нова Година (Василица) и сл.
Значи, празникот Богојавление се однесува на настанот на Христовото крштевање во реката Јордан од страна на Свети Јован Крстител, кој уште се вика и Претеча што значи претходник. Тој со своето учење одел пред Исус, што значи му претходел на Исус и затоа е наречен Претеча. Св. Јован го повикувал народот на покајание и му кажувал дека е дојдено времето кога ќе се појави Спасителот на Светот. Притоа луѓето ги крштевал со вода и им кажувал дека тој што ќе дојде по него ќе ги крсти со Свет Дух. „Јас ве крштевам со вода; но иде посилен од мене, Кому не сум достоен да Му ги одврзам ни ременчињата на обувките Негови. Он ќе ве крстеи со Дух Свети и со оган.“
За денешниот голем ден има многу обичаи и верувања. Во православните храмови се осветува водата и обичај е верниците да си земат шишенце за дома.
Старото народно верување вели дека ако на овој ден има мраз и снег, годината ќе биде плодна и обратно.
Ново на Сител
-
Министрите за одбрана на Македонија, Италија, Албанија и Бугарија потпишаа Писмо на намери за воспоставување на хармонизиран коридор за воена мобилност за потребите на НАТО
-
„Голема роденденска прослава на Прилепска Пиварница во Прилеп“
-
Мицкоски: Долго време бевме заложници на минатото, да се фокусираме на иднината
-
Жителите на неколку неготински села да ги напуштат домовите поради опасност од ширење на пожарот
-
Продолжува гаснењето на големиот пожар кај армискиот полигон „Пепелиште“
-
Јаневска: Се планира градинките да бидат во надлежност на МОН
-
Светски ден на населението
-
Саутгејт: Шпанија ќе биде неверојатно тежок ривал, ова е најдобриот тим на ЕП