Обезбедени пари за санација на мостот кај карбинското село Долни Балван
Во Министерството за локална самоуправа денеска е склучен договор за финансирање на проектот за санација на мостот на реката Брегалница кај село Долни Балван, информираше градоначалникот на Општина Карбинци, Виктор Паунов.
- Обезбедивме 5.800.000 денари по програмата за намалување на диспаритетите, а остатокот од парите со кофинансирање од Општина Карбинци. Веднаш започнуваме со тендерската постапка за избор на изведувач и некаде на почетокот на месец септември со започнување на санација. Крајниот рок за завршување е средината на декември, посочи Паунов.
Мостот од 15 декември лани е целосно затворен за сообраќај, откако на 13 декември водата од река Брегалница ги поткопа столбовите. Тогаш, по направениот увид се констатираше дека мостот е небезбеден за минување на пешаци и возила.
Инаку, мостот ги поврзува жителите на Општина Карбинци со регионалниот пат Штип-Кочани.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Николоски, потпретседател на Влада
-
Протест во Неготино
-
Во Корча се градеше стратегија за подобра положба на Македонците во Албанија
-
Протест во Неготино
-
Прометот во маркетите вчера помал за 22%
-
СДСМ обвинува за цената на струјата
-
Кои кандидати се во игра за градоначалник на Скопје?
-
ВМРО-ДПМНЕ: Дали Мирчевски се уште е во раководството?