Свет
9. February 2016 - 0:02

Обама: САД и Италија заедно против ИД во Либија

Американскиот претседател Барак Обама изјави денеска дека САД соработуваат со Италија во борбата против џихадистите на Исламска држава во Либија.

Обама наведе дека на состанокот со италијанскиот претседател Серџо Матарела, кој се наоѓа во седумдневна посета на САД, станало збор за потребата да и се помогне на Либија да формира обединета влада.

- Тоа ќе им овозможи да ги зголемат одбранбените капацитети и да ги одбијат нападите на ИД, која сака да заземе што повеќе територија на земјата, рече Обама.

Џихадистите во Либија извршуваа напади врз нафтената инфраструктура и го зазедоа Сирт, користејќи го тоа што за власт во таа земја се борат две ривалски власти.