Обама побара да не се дозволат навреди и насилство во претседателската кампања
Американскиот претседател Барак Обама денеска ги повика кандидатите за Белата куќа да не дозволат „навреди и местенки како во училишен двор“, „насилство“ и „поделби, што се темелат на раса или религија“, пренесоа француските медиуми.
Обама дополни дека Америка е во добра состојба, за разлика од повеќепати повторените тврдења на републиканскиот претендент за претседателската трка, милијардерот Доналд Трамп, кој вчера го откажа митингот во Чикаго затоа што на него избија нереди.
-Учесниците во претседателската трка треба да се форкусираат врз тоа како состојбата во земјата да биде уште подобра. Никакви навреди, ниту местенки како во училишен двор, никакви поделби што се темелат на раса и на вера, како и никакво насилство против други Американци, рече американскиот претседател на донаторска средба во Тексас.
Доналд Трамп постојано е цел на критики заради својата запаллива реторика, која, според неговите противници, предизвикува тензии. Во своите говори милијардерот застапува ставови против Мексиканците и муслиманите.
Ново на Сител
-
21 јуни денот на Охридското езеро
-
ЈП „Исар“- Штип воведе 24 часовна стражарска служба на градската депонија
-
Државата ќе ги плати трошоците за складирање на јачмен се до постигнување подобра цена за земјоделците
-
Преглед на вестите од светот
-
Идната недела пресуда за убиството на Вања и Панче
-
СДСМ избра дел од кандидатите за градоначалници
-
Тема на денот со Никола Димитров
-
Кратово доби мултинаменски спортски центар