Обама: Исплатените на Иран 400 милиони долари не беа откуп за заложници
Претседателот на САД Барак Обама изјави дека 400 милиони долари, исплатени на Иран во јануари, не биле откуп што Вашингтон го платил за ослободување на американски заложници.
- Не плаќаме откуп за заложници, истакна Обама на прашањето за сумата од 400 милиони долари, за која Вашингтон објави, дека во јануари ја исплатила на Техеран во банкноти од евра и швајцарски франци во готово за решавање на стар пазарен спор меѓу двете земји во рамките на меѓународниот договор за иранската нуклеарна програма.
- САД соопштија за исплатата пред неколку месеци, во јануари, и тоа не беше тајна, забележа Обама.
Претходно весникот „Волстрит журнал“ објави дека администрацијата на Обама во јануари тајно испратила во Иран авион со 400 милиони долари готовина.
Тоа се случи по ослободувањето на четворицата Американци од иранскиот затвор.
- Причината да дадеме пари во готово е бидејќи сме толку строги во одржувањето на санкциите и немаме банкарски односи со Иран. Навистина не разбирам зошто ова е новост, само затоа што станува збор за пари во готово, а не чек или банкарски трансфер, нагласи претседателот на САД.
Ново на Сител
-
Песков: Нема да ја спречуваме Украина да влезе во ЕУ
-
Вулин и Шојгу: Зајакнување на соработката против „обоени револуции“
-
Сиљановска-Давкова се сретна со директорката на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ
-
МВР: Вчера најмалку се почитувале правилата за прописно паркирање - издадени 338 платни налози
-
39-годишна Словенка со три деца во кола пробала да внесе 23 кг. кокаин и оружје во Србија
-
Ново работно време на Отсеците за управни работи на МВР
-
Судот во БиХ утре ја објавува пресудата за Додик, тој најавува „радикални мерки“ ако биде осуден
-
Фон дер Лајен: ЕУ сака да биде партнер на САД во обезбедувањето праведен и траен мир за Украина