Свет
22. July 2015 - 8:25

Обама: Антитерористичката коалиција нанела 5.000 воздушни удари врз позиции на ИД

САД и нивните сојузници од антитерористичката коалиција нанеле од почетокот на операцијата над 5.000 воздушни удари врз позиции на Исламска држава, изјави претседателот на САД Барак Обама во изјава на средба на организацијата на ветераните од војните зад границите, јави ТАСС.

- Коалицијата, составена од околу 60 земји, вклучително арапски партнери, се бори против ИД. Цврсто сум убеден дека САД не треба да учествуваат во уште една голема војна на копно на Блискиот исток. Тоа е лошо за нашата национална безбедност, за нашите војници, истакна претседателот. 

- Но тоа, што можеме да го правиме и ние го правиме, е да нанесуваме воздушни напади врз ИД, над 5.000 досега, додаде Обама.