Обајвена публикацијата „Модата и култирното наследство“
Британски совет и Факултетот за арт и дизајн при Европскиот универзитет – Република Македонија подготвија публикација, која е резултатот на проектот „Модата и културното наследство“ во чии рамки беа реализирани работилницата „Модата како уметност“ и изложбата „Свадбени приказни“.
Уредници на публикацијата се Гордана Вренцоска и Жарко Конески. Публикацијата ги документира процесот и финалните дела кои произлегоа од проектот, во чија реализација покрај партнерите, учествуваа и НУ Музеј на Македонија и Моден Викенд Скопје.
- Со овие партнери споделивме заедничка цел – поддршка на потенцијалот на млади креативци, поголем интерес на модните дизајнери и општата публика за богатото културно наследство и презентација на креативната синергија помеѓу современата мода и традиционалните шари, ткаенини и облеки преку изложба наменета за широката публика. Модата, развојот на културните институции и промоција на различни креативни сектори се дел од поддршката која ја даваме во поттикнувањето и развојот на креативната економија во Македонија и светот, се наведува во соопштението од Британскиот совет.
Публикацијата, како што се посочува, не се осврува само на делата создадени од младите дизајнери. Низ примерот на посочената соработка се дава и преглед на капацитетот на креативните индустрии кои може да понудат развој, соработка, вмрежување и културен и економски напредок на едно креативно и иновативно општество.
Публикацијата е објавена електронски и може да се прегледа и зачува од: http://www.britishcouncil.mk/
Ново на Сител
-
Карневалска ноќ во Струмица
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска-Кочоска, министерка за финансии
-
Музичката академија доби концертен клавир од бизнисменот Кочо Анѓушев
-
По кавгата во овалната соба, Трамп и Зеленски си испратија пораки
-
Анализа: Зеленски ќе се врати во Вашингтон, Македонија заседе добра позиција
-
ОЈО: Итно постапување за тешки прекршоци и кривични дела во сообраќајот
-
ВМРО-ДПМНЕ: Дали се отвара пат Андов да избега?
-
9 години се бара правда за убиството на Димитар