НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола дел од првиот Форум на библиотечна Унија на Кина
Националната установа универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“-Битола учествуваше на првиот Форум организиран од библиотечна Унија на НР Кина.
Станува збор за активност поддржана од Министерство за култура на Република Македонија во функција на зајакнување на културните врски со НР Кина во областа на библиотечното работење, иницирана од Јавната библиотека на Хангџоу за формирање на Унија на библиотеки меѓу НР Кина и државите од Централна и Југоисточна Европа.
-Првиот Форум на библиотечна Унија на Кина и државите од ЦИЕ се одржа во градот Хонџу, а од Македонија, освен претставникот на битолската универзитетска библиотека, Јелена Петровска, учествуваа и претставници на ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци”-Скопје, НУБ „Св. Климент Охридски”-Скопје и НУУ Библиотека „Гоце Делчев”-Штип. Претставник од НУУБ „Св. Климент Охридски“- Битола Јелена Петровска, библиотекар советник учествуваше во сесија за мисијата и донесување на акционен план на Унијата со предлози за вклучување на Македонија во планираните активности.
На тркалезната маса на тема „Цели за одржлив развој Агенда 2030“ Петровска имаше излагање за местото и улогата на библиотеките во промовирањето на општество на знаење и примена на целите во секојдневната библиотечна работа, информираа од НУУБ „Св.Климент Охридски“-Битола.
Ново на Сител
-
Четири лица, од кои двe малолетни, фатени на дело при обид за кражба во Куманово
-
Илон Маск ја продаде својата компанија „Х“ на друга своја компанија
-
Претрес во Кочани, пронајдена кафеава прашкаста материја и марихуана
-
На скопските клиники остануваат 14 повредени пациенти од пожарот во Кочани, во странство останува 91 пациент
-
Почнува летното сметање на времето
-
Трамп: Ако не можеме да постигнеме договор, работите ќе станат непријатни за Иран
-
Бројот на жртвите во земјотресот во Мјанмар се искачи над илјада
-
Облачно со повремени врнежи од дожд, особено попладне