Нуркачите ги бараат телата на исчезнатите од ерупцијата на вулканот на Белиот остров во Нов Зеланд

Полициски нуркачи во контаминираните води околу новозеланскиот вулкански Бел остров, каде нема речиси никаква видливост, денеска се обидуваат да ги пронајдат преостанатите две жртви од ерупцијата, во која досега погинаа најмалку 15 лица, а десетици се потешко повредени.
ДПА јави дека утринава во болница починало уште едно од повредените лица во ерупцијата.
До неа дојде во понделникот, а вулканската пепел го затру морето во близина на островот, па нуркачите мораат да се чистат по секое нурнување во морето.
Заменик комесарот на полицијата, Џон Тимс, условите за пребарување ги нарече „единствени и предизвикувачки“, пренесуваат американските медиуми.
И покрај активноста на вулканот и стравот од нови ерупции, војската вчера успеа да ги пронајде телата на уште шестмина туристи. Уште две лица, за кои се претпоставува дека се капетанот на бродот и туристички водич, се водат за исчезнати, но се верува дека веќе не се живи.
Нуркачите пребарувањето го почнаа вчера, но го прекинаа поради влошување на временските услови.
Авионското пребарување на островот беше прекинато во текот на ноќта.
Шестте пронајдени тела вчера беа префрлени во Оукленд на идентификација. Полицијата смета дека овој процес може да потрае некое време, иако работат што е можно побрзо за телата да им бидат вратени на семејствата.
На островот за време на ерупцијата се наоѓале 47 туристи и нивните водичи.
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: БРТ e едно од повеќето функционални решенија зa градскиот сообраќај, над 520 паркинг места кај Клиничкиот центар
-

ОН документира сексуално насилство и тортура извршени од руските сили во Украина
-

ЦУК: Нема активни пожари, еден под контрола
-

Македонската кикбокс репрезентација опатува на Светското јуниорско првенство во Лидо, Италија
-

Почина Томче Филиповски, поранешен легендарен фудбалер на скопски Работнички
-

Стотици илјади Иранци изразија подготвеност да се жртвуваат за земјата
-

Врховен го објави образложението за укинувањето на пресудата за Ласкарци
-

Кривичен за „Ласкарци“: Боваровски се ослободува од издржување на казната затвор до донесување на нова одлука
