-->
-->
Нуркачи во Калиманци трагаат по возилото и возачот
-->
Екипи на специјалните единици нуркачи го пребаруваат езерото Калиманци во месноста Рибнички Мост на меѓународниот пат за Бугарија, каде се претпоставува дека се наоѓа возилото и телото на 43-годишниот Дејан од каменичка Дулица.
Увид на местото на несреќата каде вчера околу 16 часот испливало телото на 31-годишната Тања С. врши полицијата во присуство на јавен обвинител. Во близина на акумулацијата се пронајдени траги на автомобил, но не се пронајдени ниту автомобилот, ниту друго лице во водите на Езерото.
Според информации од полицијата обдукцијата извршена синоќа на телото на починатата жена покажала дека смртта кај неа настапила од давење.
Надлежниот јавен обвинител интензивно работи на расветлување на причините за смртта.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Синдикатите, газдите и владата седнуваат на заедничка маса
-
Министерството за култура ќе поддржи 1365 проекти од национален интерес
-
Подигнување на свеста за органодарителство
-
Преглед на вестите од светот
-
Граѓански протест ,,Кој е следен‘‘ за смртта на Фросина Кулакова во Скопје
-
Тема на денот со Дарко Аврамовски - Коалиција ,,Сите за правично судење"
-
Четиригодишно дете починало во Струшката болница
-
МВР спроведува акција за откривање печатница за фалсификување пари