Нуредини: Примероци од запрената пратка на Богородица испратени на анализа во Естонија, резултати за 7 до 10 дена

Примероци од запрената пратка на Богородица се испратени на испитување во Истражен центар за животна средина во Република Естонија, соопшти министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини.
Резултатите од овие испитувања се очекува да бидат готови за 7 до 10 дена.
Министерот за животна средина лично гарантира додека е министер нема да дозволи државата да се претвори во депонија и да се увезува штетен отпад
- Доволно отпад имаме во земјава со кој треба да се справиме, вели Нуредини.
Директорот на царина тврди дека согласно сите проверки нема опасен отпад што влегол во дрзавата. Секое испитување Царина го прави со надлежните инспекторати. Согласно стандардите на кој начин се доставува примерок, така се испратени и од сомнителните камиони примероци во Естонија.
Министерот пак на прашање зошто инсталациите не испраќаат дневни податоци колкава количина штетни гасови продуцираат согласно законот, тој вели дека за жал заостануваме со новиот закон за индустриски емисии и се надева дека за брзо ќе се заврши и ќе се имплементира.
Инспекторатот тврди дека инсталациите загадуваат согласно параметрите кои им се предвидени со дозволите. За време на препораките кога инсталациите со А интегрирана дозвола требаше да го намалат за 50 проценти производството, не откриваат дали извршиле контроли туку тврдат дека Цементарница УСЈЕ работела само со една печка бидејки втората била во реконструкција.
Мирјана Давидовска
Ново на Сител
-

Во Скопје во еден ден пронајдени тројца починати мажи
-

Зеленски: Русија повторно ја гаѓаше нуклеарната централа Чернобил
-

Уапсени осум возачи за безобѕирно управување возило, пет биле без возачка дозвола
-

Првите полски туристи од Вроцлав слетаа на аеродромот во Охрид, почнуваат две нови авиолинии од Вроцлав и Катовице
-

Дарио Ивановски победник на „Охрид трчаТ“
-

Кривична за 29-годишен дебранец кој возел без возачка, пијан и ги нападнал полицајците
-

Николоски: За околу два месеци ќе добиеме модерен, проширен и целосно нов реконструиран аеродорм во Охрид
-

Реализирани над 65 проценти од проектот за реконструкција и проширување на охридскиот аеродром
