Нухиу: Со Будимпештанскиот процес до најдобро справување со миграцијата
Миграцијата како феномен секогаш била присутна и актуелна на глобално ниво, но и на Балканот, а Будимпештанскиот процес го содржи вистинскиот пристап – воведување политика за управување со миграцијата, а не нејзино спречување, истакна заменик министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу, на состанокот во Скопје со три работни групи по повод годинешното претседавање на земјава со Меѓународниот центар за развој на миграциски политики – Секретеријат на Будимпештанскиот процес.
Целта на состанокот е секоја земја да ги искаже проблемите со кои се соочува при управувањето со мигрантските текови, како и координација и усвојување на заедничките ставови.
Нухиу изјави дека Балканот не е имун на миграцијата, најмногу поради својата географска поставеност и улогата на крстопат помеѓу Истокот и Западот.
– Мојата држава го презеде претседавањето со Управната група на Меѓународниот центар за развој на миграциска политика за оваа година, во обид фокусот на активности на Меѓународниот центар за развој на миграциска политика уште повеќе да биде насочен кон земјите од Западен Балкан, во време на силно зајакнати напори на целиот овој регион за интеграција во евро-атлантските структури, истакна Нухиу.
Државниот секретар во Министертсвото за внатрешни работи, Магдалена Несторовска, нагласи дека Будимпештанскиот процес е можеби најдобриот пример за соработка меѓу земји од две култури, два континента: Европа и Азија.
– Како платформа за соработка, Будимпештанскиот процес се покажа како навистина успешен, собирајќи на едно место над 50 земји и десетина меѓународни организации обединувајќи ги во единствена цел – поттикнување на дијалог и споделување на најдобри практики во управување со миграциските текови, подвлече Несторовска.
На состанокот учествуваат три работни групи и тоа за Југоисточна Европа, со која во моментов претседава нашата држава како и за земјите покрај Црното Море и за земјите долж Патот на свилата.
Ново на Сител
-
Ограбено тетовско казино, уапсени две лица
-
Судот на БИХ одреди притвор за три лица уапсени под сомнение дека соработувале со картел кој шверцувал дрога од Латинска Америка во Европа
-
ОН: Речиси 282 милиони луѓе ширум светот се соочиле со акутен глад во 2023 година
-
Папата Франциск за конфликтите во Украина и Газа: Договорен мир е подобар од бескрајна војна
-
Барселона го одврати Чави од заминување, нов договор до 2025-та
-
Уште еден гигант тргнува по ѕвездата на Манчестер Сити
-
Петмина тинејџери обвинети за тероризам по прободувањето со нож во црквата во Сиднеј
-
ИДФ за снимката на заложникот објавена од Хамас: Ова е итен повик за акција