Нудат храна, стан и голема дневница - Ама никој не сака ова да го работи!

Српските произведувачи на малини мака мачат со изнајмување на сезонски работници за берба на ова овошје, а нудат дневници во просек до 2000 динари. На повеќето работници им е обезбеден стан и храна, но ни тоа не е мотивација за работа на 40 степени целзиусови.
-Неколку денови баравме работници, по пат на огласи, но ни се јави само едно момче и ништо не се договоривме. Тогаш одлучивме по пат на познаници и пријатели се обидуваме да најдеме кој сака да бере малини , објаснува Анкица Жариќ од Иваница за српски Блиц.
Таа вели дека секоја години добро се плаќаат работниците, и нормално дека берачите прават паузи кога сонцето е силно.
- И минатата година дававме добро дневници, од 2000 динари па нагоре. Единствено успеавме да најдеме неколку берачи и им дадовме можност да бираат, сакаат за дневница или од процент, на килограм наберени малини 35-40 динари. Секако дека сите работници користат паузи кога сонцето е силно, имаат освежување и се што е потребно. Храната и станот се обезбедени, вели Анкица.
Ново на Сител
-

Охриѓанец му се заканувал со пиштол на сосед за паркинг место
-

Двајца малолетници тешко повредени откако се превртеле со четирицикл
-

Мицкоски: Илинден е трајна обврска да ја чуваме, развиваме и сакаме нашата татковина
-

Ангелов: Дваесетина помали пожари на отворен простор, најголем дел изгаснати
-

Двајца загинати и двајца спасени во судирот на хеликоптерите кои го гаснеа големиот пожар во Грција
-

Најтопло во Скопје, Велес и Демир Капија со 39 степени
-

Зголемена фреквенција на граничните премини Табановце и Богородица, сообраќајот се одвива непречено
-

Милошоски: Демографијата е нашата нова борба за Македонија
