НСПВМ: Благодариме за покачените плати, но дајте ни униформи и чизми

Пофалба до Министерството за одбрана за покачувањето на платите во Армијата, за решавањето на станбенето прашање и за решението за вработување на 74-та генерација од Армијата во затворската полиција, упати денеска Независниот синдикат на професионални војници на Македонија (НСПВМ).
Од Синдикатот најавија и протест доколку не се најде решение за 75-та генерација војници, кои навршуваат 45 години старост, со барање да бидат превземени во Граничната полиција.
– Во текот на 2017 година НСПВМ со Владата се договори 75-тата генерација во Армијата да бидат префрлени во Граничната полиција. Бидејќи тоа не е реализирано, а рокот се ближи, НСПВМ на 23 ноември в сабота со припадниците на Армијата ќе протестира пред Владата за да ја потсети на договореното, истакна претседателот на Синдикатот, Аднан Алити.
Од Синдикатот побараа и поскорешно решение за проблемот со униформите, бидејќи како што нагласи Алити, војниците веќе три години се со позајмени униформи, но без чизми. Тој апелираше до Министерството да ја покачи и деневницата, која според него, 20 години изнесува 610 денари.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Иванка Василевска, пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ
-

Преглед на вестите од светот
-

Ветото е моќна алатка - Бугарските европратеници остро против новиот пристап за проширување на ЕУ
-

Мицкоски охрабрен од новите предлози на Кос
-

Не помина предлогот за минималец од 600 евра - Од 105 присутни пратеници само 13 гласаа „да“
-

Инфлација од 2,7% во септември, измери статистиката
-

И догодина ќе точиме скапо гориво?
-

Судот му одреди мерки за претпазливост на вишиот обвинител од Битола
