НСОН: И наставниците немаат компјутери за онлајн настава – на нив учат нивните деца

Учениците не се единствените кои имаат проблем со набавката на опрема за следење на онлајн наставата. Независниот синдикат за образование и наука вели дека до нив стигнале голем број поплаки од наставници за притисоци кои што наводно им биле вршени од страна на директорите сами да си обезбедат компјутери за да ја предаваат наставата.
„Ако се земе предвид дека наставникот е во исто време и родител на едно, две или повеќе деца, разбирливо е колкава е тежината на пресијата врз тие работници во образованието. Дел од колегите се соочуваат и со двојно зголемен работен учинок, односно двојно им се зголемени бројот на наставни часови, што е спротивно на законот за наставници и тие работат по повеќе од осум часа во денот, наведува НСОН во соопштението и бараат од Министерката Царовска што е можно поскоро да предложи мерки за надминување на проблемот.
Сега е време кога треба да покажеме солидарност, вели минстерката за образовнаие и наука Царовска на барањето на синдикатот надлежното министерство да го реши проблемот кој го има наставниот кадар со недостаток на ИТ опрема. Таа вели дека имало и наставници кои сами се понудиле да ги користат своите компјутери за предавање на онлајн наставта. Министерката Цароска ги повика родителите и учениците да не ја бојкотираат наставата. За тоа дали ќе има промени во одлуката децата да учат со физичко присуство, Царовска вели дека по ова прашање одлучува комисијата за заразни болести.
Ново на Сител
-

ДЗС: Безбедно отстранета ретка неексплодирана минофрлачка граната од 70 mm од Првата светска војна
-

Сообраќајот низ државните патишта се одвива во зимски услови, сите патни правци се проодни
-

Сакам да кажам со Горан Михајловски | Неформално | Sitel Podcast 134
-

Двајца мажи пронајдени мртви во викендица
-

Трамп: Го откажав вториот бран напади врз Венецуела
-

Почина жената што беше прегазена утрово кај ТЦ Беверли Хилс
-

16-годишник монтирал слики со експлицитна содржина од малолетничка во Куманово
-

Препознатливиот навивачки „брк“ Ристо Шиц ќе патува со Фалангата во Данска на ЕП
