НСОН бара зголемување на платите на просветните работници

Независниот синдикат за образование и наука (НСОН) денеска ја поздрави одлуката на Владата и Министерството за труд и социјална политика да ја зголемат платата на вработените во градинките. Сметаат дека платите на просветните работници се под просекот на просечната плата во државата. Бараат од Владата и од Министерството за образование и наука зголемувањето на платите на просветните работници да биде слично или исто како зголемувањето на вработените во градинките.
– Знаеме дека подолг временски период платите на наставниците стојат во место, освен едно мало зголемување што имаше претходната година од пет отсто. Во изминатиот период такви зголемувања речиси не постоеја, изјави потпретседателот на НСОН, Енвер Ајдини пред просториите на Министерството за образование и наука.
Додаде дека најавеното зголемување на платите од пет отсто на просветните работници не е решение на проблемите во образованието. Тој посочи дека наставниците се на маргините на егзистенцијата и нивната мотивација во работата се намалува. Наместо наставникот да се насочи кон својот професионален и кариерен развој, како што рече, тој повеќе е насочен на тоа како да ги подмири сметките.
– Ние како наставници не можеме да ги мотивираме идните генерации да студираат и да станат наставници. Поради овој факт во последно време имаме недостиг на кадри, особено по предметите математика, хемија, физика итн. Во повеќе училишта поради недостиг на кадри се намалуваат работните часови по овие предмети, а можеби во некои училишта овие предмети и ќе се укинат зошто нема кој да предава, рече Ајдини.
Информира дека НСОН е член на Конфедерацијата на синдикални организации и заедно со нив ги планираат идните чекори. Најави дека ќе пратат барање за средби во ресорното Министерство и со ресорниот министер.
Ново на Сител
-

Трамп предложи Ормуската Теснина да биде преименувана во „Теснина Трамп“
-

ЕУ ѝ се заканува на Русија со нови санкции по нападот со дрон на аеродромот во Лајпциг
-

Путин: Одлуката на Германија во врска со дронот во Лајпциг е уште една голема грешка на Берлин
-

Мицкоски бара Бугарија да го екстрадира бегалецот Симеон Михаилов, татко на Ива Михаилова
-

Вооружена пресметка на тајните служби во Киев: Пукале едни на други, има ранети
-

Македонската химна одекна во Таранто – Белистојановски го донесе првото злато за Македонија
-

Тетово: Му побарале да плати за медицинска услуга во болница, па искршил шалтер и нападнал полицаец
-

Анкета: Европејците најмногу ги мачат здравствените и финансиските проблеми
