Ножеви, камења, мотики, стапови – Физичката пресметка меѓу мигрантите во Гевгелија
Камења, мотики, стапови, ножеви – борба меѓу мигрантите за да дојдат до место во возот кој патува од Гевгелија до Табановце. Денеска се случи тепачка меѓу нив, а причина е насобраниот огромен број мигранти, наспроти малиот капацитет на возовите. Тие се немилосрдни кога се работи за слободно место во еден од вагониот. Фоторепортерот на „Република“ беше на железничката страница, каде ја документраше физичката пресметка меѓу оние кои бегаат од Сирија, Ирак, Авганистан, Сомалија и бараат спас во европските земји.
Според репортерот на „Република“ над илјада имигранти се тепале за место во возот кој требало да тргне околу 10 часот. Полесно се повредени неколку луѓе. Во метежот е скршен и еден прозорец од возот.
Полицијата е немоќна да воспостави целосен мир и да ги спречи инцидентите меѓу самите мигранти. Бројот на полицајци во овој регион е премал во однос на тоа колку мигранти се насобрани во Гевгелија, откако нелегално ја минале границата со Грција.
://republika.mk
Ново на Сител
-
Стармер и Фон дер Лајен: Скапо ја плативме цената за руската енергетска уцена
-
Макрон: Американскиот гнев треба да биде насочен само кон Путин
-
Осомничени уште три лица во предметот „Адитив“
-
Гробот на папата Франциск ќе биде отворен за јавноста од недела наутро
-
Блумберг: САД ќе бараат Русија да го признае правото на Украина на сопствена армија и одбранбена индустрија
-
Најмалку 12 луѓе загинаа при рускиот напад врз Киев
-
Времето утре променливо облачно со дожд и грмежи
-
Тошковски за трагедијата во Кочани: Досега осомничени 68 физички и три правни лица, не се постапува селективно