„Новости“: Високи српски функционери ќе бидат уапсени ако дојдат во Косово

Пред воведување на драконските такси со што фактички го забранија влезот на српски производи на територијата на Косово, приштинските власти на 1 ноември донеле одлука на највисоките функционери од Белград да не им дозволат влез во Косово, пишува весникот „Новости“.
Според сознанија на весникот, списокот со непосакувани личности е доставен до сите полициски пунктови на премините, со напомена веднаш да бидат уапсени доколку некој од нив пристигне таму.
На списокот, во кој „Новости“ имал увид, се наоѓаат српската премиерка Ана Брнабиќ, министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ, за внатрешни работи Небојша Стефановиќ, за одбрана Александар Вулин, за трговија Расим Љајиќ, за градежништво Зорана Михајловиќ, претседателката на Парламентот Маја Гојковиќ и други српски функционери, како и 20 судии.
Според весникот, со ваквиот потег, по кршењето на договорот ЦЕФТА, Приштина го прекршила и договорот од Брисел кој се однесува на официјалните посети и кој се применува од 2014 година. Според него, за планирана посета на некој претставник од Белград е потребно само да се извести Приштина.
– Имајќи предвид дека „црната листа“ е составена пред одлуката во Интерпол да не го прими Косово, тоа покажува дека и дополнително воведените такси немаат многу врска со резултатот од тоа гласање, туку раководството во Приштина се води според други мотиви, се наведува во текстот на белградскиот весник.
Ново на Сител
-

Денеска се празнува Успение на Пресвета Богородица
-

Премиерот Мицкоски во посета на Манастирот Успение на Пресвета Богородица во Берово
-

Охрид преполн со туристи за празничниот викенд
-

Одржана 15-та средба на Русалии, единтвените играорци чувари на традицијата на бежанците од Егејскиот дел на Македонија
-

Охрид и ова лето во духот на музиката
-

Тема на денот со Панче Тошковски, министер за внатрешни работи
-

Пожарот во Тетово се шири кон Шар Планина, интервенираат пожарникари и полициски хеликоптер
-

Почина 72 годишен скопјанец на Инфективна – шеста жртва со западно-нилска треска
