„Новости“: Белград ќе го проверува списокот со земји кои го признале Косово
Колку точно држави ја признале независноста на Косово, Белград ќе утврдува преку голема дипломатска акција во следните месеци, информира весникот „Новости".
Постои сомнеж дека листата на држави кои го признале Косово, соопштена од властите во Приштина, не е веродостојна, и затоа Србија одлучи да ја провери ситуацијата на теренот, наведува српскиот медиум.
Дека се подготвува сериозна акција со која ќе се стави крај на шпекулациите колку држави го признале Косово, за „Новости“ потврди и министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ, кој истакна дека на списокот на Приштина од 114 земји, има најмалку седум од нив кои никогаш не го признале Косово.
Србија во претходните години, од официјалните претставници на неколку земји доби уверување дека не бил повлечен таков потег. Последната земја, која, според министерот за надворешни работи на Косово Беџет Пацоли, минатиот викенд испрати „вербална нота" за признавање е Мадагаскар, па и тој случај ќе биде проверен.
Ново на Сител
-
Кривична против две лица од Скопје, обид за убиство
-
Кривична против сопственик на угостителски објект во Струга, сомнение за кражба на електрична енергија
-
15-годишно девојче пријавено за исчезнато
-
Бојкотите продолжуваат: Драматично зголемување на цените на храната во ЕУ и Западен Балкан
-
Шолц: Нема милост за уапсениот за нападот во Минхен, тој мора да ја напушти земјата
-
ЕУ внимателно го следи случајот со истрагата и апсењето на градоначалникот на Тирана, соопшти портпарол на Еврокомисијата
-
Мисајловски: Во НАТО имаме нов контекст насочен кон преговори за мир во Украина
-
Андоновска: Има висок интензитет на вирусот на грип во овој период, најмногу заболени во Скопје и Струмица