Новогодишните прослави на Балканот беа поголеми инциденти

Жителите, но и бројни туристи од регионот и од светот, синоќа ја дочекаа Новата година на плоштадите во Белград, Приштина, Тирана, Атина и Истанбул.
Во Истанбул Новата година со голем огномет се дочека на плоштадот „Таксим“, познатата улица „Истиклал“ и во другите делови на турската метропола, јави агенцијата Анадолија. Дочекот на 2020 година е организиран и во многу хотели и ресторани во Истанбул, но сепак многу граѓани одлучија во Новата година да влезат во топлината на својот дом во кругот на семејството и пријателите, пишува агенцијата.
Градоначалникот на Белград Зоран Радојчиќ утрово информира дека централните градски улици веќе се сосема чисти по дочекот на Новата година на градските плоштади. Тој потсети дека од денеска веќе нема да се употребуваат пластични кеси, што ќе им ја олесни работата на вработените во градската чистота.
Дежурните служби на Брзата помош во Јагодина ноќеска имале многу работа поради повредени во тепачки и од пиротехнички средства. Значителен бил бројот и на алкохолизирани лица кои завршиле на одделот за Ургентна медицина.
Неколку илјади сараевчани и гости од сите краишта на БиХ синоќа уживаа во новогодишниот концерт на Жељко Јоксимовиќ во главниот град на БиХ. Прославата ја обезбедуваа голем број полицајци, а за време на дочекот не се забележани инциденти.
Грција влезе во Новата година и декада со огномети и забави, но и со повици за единство, јави Екатимерини. Во Атина главната прослава беше на плоштадот Синтагма на која присуствуваше и новиот градоначалник Костас Бакојанис.
Ново на Сител
-

Контејнерски брод потона во близина на Ормуската Теснина откако беше погоден од ракета
-

Сиљановска-Давкова со експертот за Холокаустот Мајкл Баренбаум: Историската вистина за македонските Евреи мора да се зачува
-

Мелони: Договорот меѓу САД и Русија за дизелот е „многу ризичен избор“
-

Предлог - одлуката за продолжување на рокот за постоење кризна состојба за нафта и нафтени деривати помина на матичната комисија
-

Мицкоски: ЕУ останува стратешка цел, нема поместување ниту милиметар
-

Променливо облачно време во наредните денови, во петок слаб дожд и снег на планините
-

Запленети два тони храна од зелениот пазар во Ченто
-

Шумската полиција со засилени акции: Запленети над 500 кубни метри дрвна маса и поднесени 140 пријави
