Македонија
29. December 2017 - 17:58

Новогодишниот караван „И јас сум Дедо Мраз“ на „проектот на среќата“денеска во Прилеп

Новогодишниот Караван „И јас сум Дедо Мраз“ на „Проектот на среќата“ денеска во Прилеп

- Дедо Мразот на *Проект среќа* кој е се уште на пат низ Македонија и со кој е планирано  да се израдуваат  вкупно околу 1.000 деца  од целава земја, денеска беше во Прилеп. Над 300 новогодишни колетчиња со играчки, со посредство на Цркавата, ќе им бидат распределни во нивните домови на исто толку деца од социјално-загрозени семејства.Подароците за нив, ги донираа повеќе македонски јавни личности и компании.

Караванот „И јас сум Дедо Мраз“, досега, помина низ повеќе населени места и општини, како и институции: Градинката „Мали пријатели“ во Шуто Оризари, Дневниот центар Шуто Оризари , се донираше и за децата бездомници згрижени во центарот „Ранка Милановиќ“ , како и во училиштето „Братство и единство“  во селото Долно Коњари.