Новогодишната желба на Аце, дете со пречки во развој да го запознае Валентин Николовски - исполнета
Александар Аврамовиќ дете со пречки во развојот имаше многу едноставна новогодишна желба - Да ја посети Сител Телевизија и да го запознае неговиот омилен водител, Валентин Николовски.
Со Александар или како тој ни дозволи да го викаме Ацуле, ја прошетавме цела телевија а наша прва станица беше режијата за да му покаже од каде се емитува неговата омилена програма.
Додека течеше програмата, Александар ги препознаваше телевизиските ликови, а вистинското изненадување за него следуваше кога на екранот се појави Валентин Николовски.
Додека Валентин се подготвуваше за неговата дневна рутина ние со Александар се упативме накај студиото. Тино беше наш домаќин во студиото, а заедно со Александар вежбаа за презентирање на вестите.
Откако заврши нивната генерална проба за вечерниот дневник, Валентин и Александар заедно прошетаа и во просториите на редaциите на Телевизијата, а Александар еден по еден ги препoзнаваше новинарите кои во тој момент беа во телевизијата.
По завршувањето на прошетката, се поздравивме со Александар, а тој и неговиот омилен водител договорија дружба надвор од телевизијата.
Во време на нарушени човечки вредности и нереални желби кои децата ги имаат, треба да бидеме свесни дека насекаде околу нас со маи чекори можеме да исполниме нечија желба и бидеме причина за среќа. Александар сите нас не научи на тоа што значи вистинска среќа и искрен човечки однос.
Кирил Стојанов
Ново на Сител
-
На Табановце се чека 40 минути за влез, а на Богородица 30 минути за излез од земјата
-
Во Иран уапсени 24 лица поради шпионажа во корист на Израел
-
ИДФ: Иран напаѓа со ракети со повеќе боеви глави
-
Унгарската полиција ја забрани претстојната Парада на гордоста во Будимпешта
-
Нов ирански ракетен напад врз Израел
-
Нова размена на воени заробеници помеѓу Русија и Украина
-
Во Кочани се одржува средба на родителите на починатите во „Пулс“ со обвинителите
-
Беживотно тело пронајдено во водите на Охридското Езеро