Новогодишна елка од луѓе за Гинисов рекорд на плоштад „Македонија“

Плоштадот „Македонија“ денеска беше местото каде што скопјани се обидоа да постават нов Гинисов рекорд за најголема новогодишна елка во светот направена од луѓе. Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов најави дека снимките од настанот ќе бидат испратени, по што ќе се чека одговор дали е срушен Гинисовиот рекорд.
-Заедно со скопјани се обидуваме да го срушиме Гинисовиот рекорд за најголема елка направена од живи луѓе. Благодарност до сите скопјани што учествуваа во оваа предновогодишна манифестација бидејќи идејата на сите ни е иста, а тоа е нашиот град да биде градот каде е направена најголемата жива елка во светот, изјави Шилегов.
Тој информира дека се направени дронски снимки од настанот, кои ќе бидат испратени и ќе се чека одговор.
-Направени се снимките тие ќе бидат пратени. Очекуваме деновиве да добиеме одговор дали успеавме да го срушиме Гинисовиот рекорд. Стариот е околу 4.020 лица. Ние таргетиравме 5.500. Не успеавме да ја стигнеме таа бројка, но во секој случај по она што го видов од дронските снимки, мислам дека успеавме да го надминеме рекордот. Да почекаме тоа да биде и официјално, рече Шилегов.
Формирањето новогодишна елка од луѓе, како што соопштува Град Скопје, е дел од програмата на „Винтерленд“.
Настанот е биде збогатен со музичко-забавна програма, а за доброто расположение на учесниците ќе се погрижат Бени Шаќири и „Нонстоп“.
Во моментов, најголемата елка од луѓе според Гинис е направена во Индија, во 2015 година.
Ново на Сител
-

Мерц најави крај на рецесијата: Германската економија влегува во фаза на засилен раст
-

Двајца од осомничените за планираното палење фабрика за дронови во Словачка се Летонци, а третиот е Украинец
-

„Денови на Света Мајка Тереза“ по повод 10 години од нејзината канонизација
-

Во село Гари отворена спомен соба на копаничарот Петре Филиповски - Гарка | ФОТО
-

Не мислам дека врховниот лидер на Иран е мртов, туку дека е тешко ранет, вели Трамп
-

Над 90 илјади невработени, повеќе од 100 илјади работат на црно - Нoви податоци на ДЗC
-

Над 20 пожари на отворено, Китка сè уште гори – Ангелов оптимист за ставање под контрола
-

Прв случај на западнонилска треска оваа година е регистриран во Бугарија
