Македонија
14. December 2016 - 10:47

Ново зеленило во во Градски ѕид, зад поранешна „Агромеханика“

Општина Центар го обнови зеленилото во Градски ѕид, зад поранешна „Агромеханика“. Засадена е нова трева, зимзелени грмушки и високи садници. 

Засадени се 6.500 растенија на површина од над 1.070 метри квадратни. Во помалите жардинери засадени се зимзелени грмушки и листопадни ползавци кои ја менуваат бојата. Поставен е нов, автоматски систем за наводнување на жардинерите.

Општина Центар претходно постави и ново, современо детско игралиште на овој простор, со вкупна површина од 250 метри квадратни. Наменето е за деца на возраст од три до 11 години. Игралиштето е поставено на барање на граѓаните.

Комплексот е надополнет и со урбана опрема, канти за отпадоци и клупи.