Ново видео за кампањата „Биди фер! За детство без пречки“
Фондот за деца на ОН (УНИЦЕФ) Македонија го претстави второто видео со скриена камера „Биди фер! За детство без пречки“ со пораката „Види ја способноста, а не попреченоста“, кое става акцент врз прифаќањето на тоа кои се децата и што умеат да направат, а не врз пречките од нивното оштетување.
Во рамки на кампањата на 100 локации низ земјата поставени се серија од дванаесет билборди на кои децата со попреченост се прикажани како пријатели, студенти, ученици, музичари, спортски шампиони, браќа, внуци, истакнувајќи ја љубовта, љубопитноста, радоста и способноста што тие ја носат, информираат од УНИЦЕФ.
Претставникот на УНИЦЕФ Бенџамин Перкс, посочува дека новата кампања „Види ја способноста, а не попреченоста“ се однесува на ослободување на потенцијалот на секое дете и дава осврт на ставовите што ја попречуваат инклузијата.
- Веруваме дека ова ќе се претвори во забрзана системска реформа за да се обезбеди секое дете да ја добие потребната поддршка и да оди на училиште со своите врсници, да ги добие потребните здравствени и социјални услуги и да се стави крај на исклученоста, изолацијата и институционализацијата на децата со попреченост, рече Перкс.
Кампањата „Биди фер! За детство без пречки“ е дел од пошироката програма поддржана од УНИЦЕФ за унапредување на правата на децата со попреченост и е поддржана од регионалниот проект финансиран од ЕУ и УНИЦЕФ „Заштита на децата од насилство и унапредување на социјалната инклузија на децата со попреченост во земјите од Западен Балкан и Турција“
Ново на Сител
-
Мицкоски: Очекувам ДУИ да оди во опозиција, немаме ни елементарна доверба за соработка со нив
-
Ново бебе алпака во скопската Зоолошка градина
-
Вучиќ: Една третина од новата српска влада ќе биде составена од нови луѓе
-
Осигурителните компании не ја почитуваат препораката на Финансии, полисите и денеска по повисоки цени
-
Следува период на променливо време со повремени локални врнежи од дожд
-
РКЕ: Само 2,75 отсто од струјата е од увоз, на праг сме до енергетски независна држава
-
Мајката на починатата студентка од Кавадарци во Штип лани измасакрирала и запалила човек
-
Судир на два автомобили и камион со приколка на автопатот „Пријателство“, тешко повредено едно лице