Ново рочиште за „Поткуп“, исказ пред Судот треба да даде Заев
На денешното рочиште за предметот на СЈО „Поткуп“ исказ треба да даде обвинетиот Зоран Заев, а ќе бидат изведувани и докази од одбраната.
На минатото судење без присуство на јавноста беше пуштена целата видео снимка поради која премиерот Зоран Заев се товари за примање поткуп.
Заев по завршувањето на минатото рочиште кажа дека ја почитува одлуката на Судот да биде исклучена јавноста при презентирањето на видео снимка, посочувајќи дека тоа би претставувало кршење на Законот за класифицирани информации.
Тој додаде дека му е драго што со овие комплетни докази и сведочењата пред Судот ќе се докаже дека апсолутно станува збор за монтиран случај и оти ќе следува ослободителна пресуда.
На претходните рочишта Заев бараше снимката од ПИ-мерките да се пушти јавно, но Апелацискиот суд не го дозволи тоа. Според него, со емитување на скратената верзија од снимката му била нарушена честа и угледот.
Премиерот Зоран Заев е обвинет дека како градоначалник на Струмица побарал поткуп од 160.000 евра од бизнисменот Иван Сачевалиев.
Ново на Сител
-
ЦУК: Активни шест пожари, изгаснати три
-
Алкалоид против Хановер во баражот за групната фаза во Лига Европа
-
Лошиот квалитет на водата ги одложи маратонските трки на СП
-
Баро: Ќе воведеме санкции кон Иран ако до август нема напредок во нуклеарниот договор
-
Граѓанската иницијатива Зелен хуман град ја поздрави пресудата за убиството на кучето Феликс
-
Приведено едно лице од Куманово поради управување моторно возило под дејство на алкохол
-
Во Србија од октомври го зголемуваат минималецот на 500 евра
-
За кокаин и убиства по нарачка шестмина членови на криминалната група Грчец осудени на вкупно 50 и пол години затвор