Ново откритие за сините очи

Меѓу 20 и 40 отсто од Европејците имаат сини очи, а точната причина не е позната. Се претпоставува дека се работи за генетска мутација. Односно, дека тој ген преживеал затоа што луѓето со таа боја на очи се сметаат за физички попривлечни, па имале и повеќе можности за размножување.
Познато е дека луѓето се раѓаат со сини очи кои со време стануваат зелени, црни, кафени или остануваат сини. Сепак, новото истражување покажа дека синооките луѓе почнале да се појавуват само пред 10.000 години, а сината е „најмлада“ боја од наведените.
Бојата на очите се одредува од количеството на пигменти во ирисот на окото. Многу пигменти значи - кафени очи, помалку пигменти - зелени очи, малку или ниту најмалку пигменти - сини очи. Дури 16 гени ја одредуваат бојата на очите, но два главни се HERC2 и OCA2 со тоа што HERC2 служи како прекинувач кој го активира OCA2, а тој потоа ги активира протеините кои ги произведуваат пигментите.
Ново на Сител
-

Меѓународна конференција на Паневропската унија во Македонија
-

Сериски убиец во Старо Нагоричане!?
-

Тема на денот со Илија Димовски
-

Гинеколози - ХПВ вакцинацијата спречува појава на повеќе видови на рак
-

Сиљановска-Давкова: Добро е што ќе има нов закон за помилување бидејќи стариот не личи на закон
-

Преглед на вестите од светот
-

Сериски убиец во Старо Нагоричане!?
-

Под истрага шест лица за транспортот и логистиката на марихуаната од Македонија во Србија
