Ново изненадување на припејд корисниците на ВИП
Почнувајќи од денес, оне.Вип воведува нова исклучително поволна понуда за Вип припејд корисниците со која корисниците добиваат бонус до 1000 денари. Имено, сите нови и постојни Вип припејд корисници кои ќе испратат бесплатна СМС порака со содржина START на број 1454, ја активираат Vip Fun + тарифната опција со која имаат можност да добијат вкупен бонус до 1.000 денари за период од 10 месеци. Бонусот од 100 денари корисниците го добиваат секој месец доколку надополнат кредит претходниот месец, и истиот можат да го користат според нивните желби и потреби. При тоа со Vip Fun + тарифната опција разговорите кон сите национални мрежи изнесуваат 1,9 денари минута, со цена на воспоставување на повик од 3,9 денари, како и поволни цени за СМС пораки кон сите национални дестинации и за интернет сообраќај. Tарифнaта опција Vip Fun+ е валидна 15 дена при надополннување на кредит во износ од 100 до 299 денaри, односно 30 дена при надополнување кредит над 300 денари.
Вип припејд корисниците кои, пак, имаат потреба од повеќе интернет сообраќај, можат да одберат еден од двата нови Vip click месечни пакети во кои за 199 денари добиваат 1GB интернет месечно или за 379 денари добиваат 3GB месечно, а за припејд корисниците достапен е и неделен интернет пакет за 49 денари за што корисниците добиваат 200МВ интернет кој може да се користи во текот на една недела.
Дополнителни информации за новата Вип припејд понуда корисниците можат да добијат на веб страницата www.vip.mk или доколку се јават на 077 1234.
Ново на Сител
-
Груби ги демантираше наводите за неговата поврзаност со палењето на македонско знаме, побара јавно извинување
-
Највисока снежна покривка од 68 см во Маврови Анови, најмногу дожд во Крушево
-
Русија со дронови ги нападна Киев и Херсон
-
Вучиќ: Имаме информации кој го извршил нападот, ова е вистинска хибридна војна против Србија
-
Протест во Нови Сад по еден месец од трагедијата на железничката станица
-
Една нерегистрирана училишна кујна, оштетени работните површини во четири училишни кујни
-
Девојки од Бразил се проституирале во Џевахир за 150 до 800 евра
-
Триесетина села во Пелагонија без струја