Фудбал
27. May 2023 - 19:52

Ново баварско славје во Бундес лигата, тага во Дортмунд

Фудбалерите на Баерн Минхен го искористија киксот на Борусија која во Дортмунд одигра недоволни 2-2 со Мајнц и ја освои 11-тата шампионска титула во Бундес лигата откако славеше со 2-1 во Келн. 
Драмата започна кога Мајнц поведе со 2-0 во Дортмунд и со тоа најави  шок во редовите на милионерите откако во меѓувреме Баварците поведоа со голот на Коман уште во 8-та минута.  Овој резултат беше активен до 81-та минута кога Љубичик од пенал го израмни резултатот за да сепак Мусиала донесе победа во самиот финиш и радост за Баерн откако Борусија избегна пораз од Мајнц но немаше сили за победа. 
 
Разочарување доживеаја и фановите на Шалке кои загубија во Лајпциг со 4-2 и се селат во втората бундес лига. 
Унион со минималната победа од 1-0 против Вердер ќе игра во ЛШ.