Ново апсење за убиството на Јелена: Мртвата снаа ја фрлил во канал, синот го дрогирал!?
Владимир Марјановиќ, татко на Зоран Марјановиќ, осомничен за убиството на сопругата Јелена Крсмановиќ Марјановиќ, би можел да биде следнит кого полицијата ќе го приведе на информативен разговор за убиството ан неговата снаа.
Како што се сомнева, негова задача била да се „ослободи“ од телто, а тоа секако не можел да го направи еден човек.
-Тој веројатно ја имал улогата на „чистач“ во случајот „Марјановиќ“. Постои можност Владимир да не видел кој ја убил Јелена, но учествувал во бришењето ан трагите и фрлањето на телото. Ако се потсетиме дека на Јелена и е отстранет лакот од ноктите, дека рацете и се потопувани во варикина, дека се е оштетено со тоа абразивно средство, јасно е дека тоа не можело да го направ едно лице, објаснува соговорник.
Она што секако фрла сомнеж врз Владимир е неговата константност во јавноста од првиот ден до апсењето на неговиот син. Тој беше единствен што комуницираше со медиумите, но се сомнева дека и дека синот го дрогирал со „бенседин“ секој пат кога одел во полиција.
-Постои сомнение дека Владимир кога Зоран пред 17 месеци е уапсен го контролирал синот и истрагата. Постојат индиции дека пред неколку дена, кога полициајта повторно затропа на вратата на куќата на Марјановиќ во Борча, Владимир бил тој брзо што реагирал. Пред Зоран да биде одведен во полиција, сомневајќи дека повторно ќе оди на полиграф, Владимир уапсеа скришно во уста да му стави таблета за смирување, како што правел пред претходните тестирања. Имал план да го смири синот и да му помогне пак да ја имамаи машината. Меѓутоа, Зоран е одведен во обвинителството и задржан во притвор, вели соговорник.
Она што ќе се обидат инспекторите да го извлечат од Владимир е тоа зошто се трудел да има солидна комуникација со медиумите, во кои зборуваше се најубаво за убиената снаа, секогаш потенцирајќи дека семејството, а пред се Зоран многу „трпи и страда“.
Полицијата во овој момент проверува и тоа која е жената која наместо Јелена се јавувала кај нејзината мајка. Сомнежот падна врз две познати пејачки.
Девет сведоци
Досега се планираше обвинителството да сослупа девет сведоци. Прва на списокот беше Зорица Крсмановиќ, мајка на покојната Јелена, а деветта братучетката на Јелена, Теодора Крсмановиќ. Но Зорица почина пред шест месеци. Пред неколку дека полицијата предложи уште еден сведок, кој е добар пријател на семејството и кој ја руши одбраната на Зоран.
-Сведок го видел на друга локација од онаа што ја пријави во полицијата и тој до детали раскажа што правеле Зоран и Јана, објаснува изворот.
-Сомнението е дека Јелена е убиена токму во куќата на таа пејачка која им беше куќен пријател. од таму нејзиното тело е донесено и фрлено на насипот, додава извор.
Судејќи по се, Зоран иако е единствен осомничен за злосторството кое е сторено речиси совршено, не можел да го направи тоа сам. Дали имал двајца или повеќе, се уште не е познато. Она што е сигурно е дека биле тоа негови блиски луѓе.
Калта ја руши одбраната
Еден од главните докази кои го сомничат Зоран дека ја убил сопругата Јелена е калта од нејзината коса, која е идентична со онаа на панталоните на Зоран.
-Зоран во обвнителството и полицијата по апсењето повтори дека негова нога не стапнала на местото каде е пронајдено телото на неговата сопруга, што тој момент паднало во вода, вели изворот.
Ново на Сител
-
Од 15 ноември задолжително поседување зимска опрема
-
Околу 350 деца Роми ќе бидат згрижени бесплатно во јавните градинки во 21 општина
-
Приведен вработен во ЈП Национални шуми - Добивал по 200 евра месечно за дозволи за сеча на дрва
-
ЦУ: Спречени обиди за криумчарење кокаин, цигари, облека и нелегален изнес на девизи
-
Приведени крадци од Боговиње
-
Изгаснат пожарот во Бутел 1, опожарен и дел од кровната конструкција на соседната барака
-
Автоматски пушки и муниција пронајдени во селото Грешница, поведена истрага
-
Суд во САД: Свршеничкиот прстен му припаѓа на давателот по раскин на веридбата, без оглед чија е вината