Новиот премиер на Велика Британија ќе биде избран најдоцна до 2 септември

Новиот премиер на Велика Британија ќе биде назначен најдоцна до 2 септември, согласно планот определен денеска од страна на комитетот одговорен за изборите на нов лидер на партијата, по одлуката на Дејвид Камерон за поднесување на оставка.
-Препорачуваме процедурата за избирање нов лидер на Конзервативната партија да почне идната седмица и да заврши најдоцна до 2 септември, изјави Греам Брејди, претседателот на парламентарната група „Комитет 1922“.
Тој наведе дека избирот на кандидати треба да заврши до 30 јуни.
Предлозите треба да бидат одобрени од целиот комитет.
Камерон најави дека ќе се повлече од неговата функција поради резултатите од референдумот, според кои неговите сонародници избраа Велика Британија да излезе од ЕУ.
Бидејќи конзервативците се на власт, лидерот на партијата автоматски станува премиер, потсетува ТАСС.
Ново на Сител
-

Патници од Скопје и Куманово се вратиле од Африка заразени со маларија
-

Собранието ќе избира нов државен јавен обвинител
-

Без струја дел од Сопиште, а без вода неколку улици во Центар
-

Променливо облачно и посвежо време
-

Сообраќајот без застои по влажни коловози
-

Макрон: Франција нема да учествува во воени операции во Ормуската теснина
-

„Кир не е Винстон Черчил“: Трамп разочаран од британската воена поддршка против Иран
-

Зеленски ја прифати помошта од ЕУ за нафтоводот „Дружба“
