-->
-->
Нови земјотреси утринава го тресеа Балканот и Европа: Најсилниот земјотрес 6,1 степени
-->
![](/sites/default/files/styles/large/public/article/teaser-images/2016/october/270973-84321.jpg?itok=Vj9-QOa3)
Многу земјотреси од синоќа го тресат Балканот и Европа. Утринава потреси се регистрирани во повеќе држави.
Земјотрес ја стресе Грција со јачина од 2,2 степени по Рихтер, а исто така земјотрес е регистриран и во Турција.
Земјотреси се регистрирани и во Италија по силниот и разорен земјотрес од синоќа.
Првиот потрес беше регистриран во 19.10 часот со интензитет од 5,4 степени по Рихетеровата скала. Вториот беше осум пати посилен, со магнитуда од 6,1 степени, соопшти американскиот Геолошки завод. Со оглед на тоа дека повеќето жители веќе биле надвор на улиците со намера под отворено небо да ја минат ноќта, два часа подоцна, кога удри вториот земјотрес, тие биле надвор од своите домови, со што веројатно се спасени многу животи, соопштија официјални лица.
Утрово се регистрирани послеователни потреси од кои најсилниот е со магнитуда од 4,5 и 4,1 степени.
Се надеваме тлото ќе се смири.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со воениот аналитичар Милан Стефаноски
-
Наместо во подземни контејнери штипјани сметот го одлагаат врз нив
-
ВМРО-ДПМНЕ на седници на Извршниот и Централниот комитет ги утврдува предлозите за министри од својата партија
-
Силјановска Давкова: Војната во Украина не е украински, туку европски и светски проблем
-
Ново поскапување на лебот ако се зголеми цената на струјата
-
Дали само итни пациенти се снимале на Институтот за радиологија поради технички проблем во петокот?
-
Детектор: Интернетот и социјалните мрежи штетно влијаат врз децата
-
Никако да се стави крај на нелојалната конкуренција