Свет
2. January 2016 - 19:50

„Нови светски хакери“ презеде одговорност за кибернападот врз Би-Би-Си

Хакерската група „Нови светски хакери“, противници на џихадистичката група Исламска држава, презеде одговорност за кибернападот врз сајтовите на британската радиотелевизиска корпоорација Би-Би-Си.

Хакерската група во електронски писма испратени до Би-Би-Си наведува дека нападот бил само „тест на сопствените способности“ и оти не сакале да ја нарушат работата на компанијата.

- Ние знаеме дека тоа што го правиме, секогаш не е најправилно, но без кибернападите, што друго ни останува, за да се бориме против терористите, се наведува во писмото на „Нови светски хакери“.

Групата, исто така, додава дека нивата цел е да ја спречат незаконската исламистичка пропаганда на интернет.

Утрото на 31 декември неколку часа беше блокиран пристапот до низа сајтови на Би-Би-Си, вклучително и страниците за вести и за видео-снимки.

Портпаролката на Би-Би-Си изјави дека медиумската корпорација нема да ги коментира тврдењата на хакерската група.