„Нови светски хакери“ презеде одговорност за кибернападот врз Би-Би-Си
Хакерската група „Нови светски хакери“, противници на џихадистичката група Исламска држава, презеде одговорност за кибернападот врз сајтовите на британската радиотелевизиска корпоорација Би-Би-Си.
Хакерската група во електронски писма испратени до Би-Би-Си наведува дека нападот бил само „тест на сопствените способности“ и оти не сакале да ја нарушат работата на компанијата.
- Ние знаеме дека тоа што го правиме, секогаш не е најправилно, но без кибернападите, што друго ни останува, за да се бориме против терористите, се наведува во писмото на „Нови светски хакери“.
Групата, исто така, додава дека нивата цел е да ја спречат незаконската исламистичка пропаганда на интернет.
Утрото на 31 декември неколку часа беше блокиран пристапот до низа сајтови на Би-Би-Си, вклучително и страниците за вести и за видео-снимки.
Портпаролката на Би-Би-Си изјави дека медиумската корпорација нема да ги коментира тврдењата на хакерската група.
Ново на Сител
-
Ахмети не сака да биде дел од власта, не бил резервна гума
-
Еден авион дневно ќе слетува на скопскиот аеродром: Германски туроператор ќе носи 35.000 туристи годишно
-
Со нов закон ќе се одземаат ингеренциите на градоначалниците
-
Има ли спас за културните институции во Македонија?
-
Трипуновски: Се обврзуваме на трансформација и враќање на достоинството на земјоделците
-
Повеќе повредени во пожар во Чаир
-
Вреди: Коалицијата е стабилна
-
Најголем интерес за инфраструктурни проекти